Сијарто: Ако Трамп победи, САД повторно ќе бидат предводени од силен претседател

од Vladimir Zorba

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави денеска дека доколку кандидатот на Републиканската партија победи на претседателските избори во САД, САД повторно ќе бидат предводени од силен претседател.

„Да се ​​има силен претседател во Белата куќа секогаш обезбедува форма на стабилност за глобалната безбедност“, рече Сијарто пред денешната средба меѓу унгарскиот премиер Виктор Орбан и Трамп на Флорида, пренесува МТИ.

Сијарто изрази уверување дека војната во Украина немаше да дојде доколку Трамп победеше на изборите во 2020 година и дека во тој случај многу побрзо ќе се дојдеше до решение за конфликтот на Блискиот Исток.

Слични содржини