СИЛЕН ВЕТЕР ВО РУСИЈА НОСИ СЕ ПРЕД СЕБЕ: Жителите се држат за огради за да не одлетаат (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Олуен ветер во Магадан, Русија, носеше не само делови од разни конструкции на улиците, туку ги носеше и неговите жители.

На видеото се гледа како ураганот удри на три лица. Тие се држат до оградите и сообраќајните знаци за ветерот да не ги однесе. Потоа можат да се видат делови од покриви кои летаат во воздухот, а дрвени и метални парчиња згради паѓаат врз автомобилите.

Градските власти ги советуваа жителите на Магадан да не излегуваат надвор, а учениците не мора да одат на училиште. Според податоците на Министерството за вонредни состојби, слично време ќе остане во овој град уште два дена.

Слични содржини