Симптоми на рак кои луѓето најчесто ги игнорираат

од Stefanija Kuzmanovska

Ракот е една од водечките причини за смрт во светот.

Во 2020 година, речиси десет милиони животи беа изгубени од рак. Најчести видови на рак се ракот на дојката, белите дробови, дебелото црево и ректумот, како и ракот на простата.

Една од главните пречки во лекувањето на ракот е доцната дијагноза, која често се јавува поради занемарување на симптомите на рак кај мажите и жените.

Овие симптоми, според Times of India, луѓето најчесто ги игнорираат.

Замор
Заморот е класичен знак за рак кој се гледа кај многу луѓе. Кога има рак, човекот се чувствува исклучително слаб, летаргичен и без енергија. Овој замор постепено се зголемува и во еден момент на поединецот му е тешко да стане од кревет.

Одморот може да помогне некое време, но заморот не исчезнува, па дури и малата активност може да биде исцрпувачка. За некои луѓе со рак, овој тип на замор предизвикува повеќе вознемиреност отколку болката, гадењето, повраќањето или депресијата.

Губење на тежина
Губењето на тежината е еден од првите знаци на рак и, за жал, многу луѓе не успеваат да ја идентификуваат неговата поврзаност со ракот. Ако наеднаш ослабете без друго објаснување, се советува да посетите лекар.

Осип на телото
Проблемите поврзани со кожата често се гледаат кај луѓе со леукемија. Овој осип е предизвикан од пукање на мали крвни садови под кожата. Поради нерамнотежа во составот на крвните зрнца, на кожата можат да се забележат неколку промени.

Болка во очите
Прободливата болка во очите е еден од раните знаци на рак на окото. Оваа болка често се игнорира и се смета за нешто помалку сериозно.

Чести главоболки
Главоболки, кои се повторуваат и постепено се интензивираат, се забележуваат кај пациенти на кои подоцна им е дијагностициран рак. Секоја необична шема на главоболка треба внимателно да се следи. Тоа може да биде ран знак за тумор на мозокот.

Болни менструации
Менструацијата е дефинитивно болна. Но, доколку за тоа време имате неподносливи болки, се советува лекарски преглед. Ова најчесто се забележува кај оние со рак на ендометриумот.

Промени на градите
Жените се изложени на поголем ризик да развијат рак на дојка. За да се избегне прогресија на ракот на дојка, неопходно е самопреглед. Една од главните промени забележани кај жените кои имаат рак на дојка е промената на брадавицата или градите.

Други знаци кои треба да ги знаете
Покрај горенаведените знаци, потребно е да се обрне внимание и на следните знаци на рак: отекување на тестисите, отежнато јадење и голтање храна, нарушено здравје на цревата, хронична надуеност, проблеми со ерекцијата, отежнато мокрење, треска, како и промени на ноктите.

Слични содржини