Склучен договорот за новогодишно украсување на Скопје

од Берта Китинска

Компанијата „Линк медиа плус“  ќе биде задолжена за новогодишно украсување на градот кое ќе чини  243.000 евра.

Договорот помеѓу Град Скопје и компнијата  бил потпишан од поранешниот градоначалник Петре Шилегов  таа била единствената компанија која доставила понуда на јавниот повик кој беше објавен во септември.

„Украсување предвидува поставување централна новогодишна елка на Плоштадот Македонија и украсување на неколку други локации и улици. Украсувањето треба да е во духот на модерното време и живеење, со високи естетски, уметнички и ликовни ефекти, запазувајќи при тоа унифициран концепт на целиот простор. Новогодишното украсувањето треба да биде завршено до 20 ноември“, стои во договорот објавен на Бирото за јавни набавки.

Слични содржини