Скопјанец со пиштол ѝ се заканувал на својата сестра

од Stefanija Kuzmanovska

Полицијата извести дека вчера во 16.20 часот на подрачјето на Гази Баба полициски службеници го уапсиле Т.Т.(62) од Скопје поради тоа што во домот со пиштол ѝ упатувал закани на својата 63-годишна сестра.

Од него бил одземен пиштол „Црвена Застава м-70“, една рамка за пиштол со осум куршуми и дозвола за поседување на оружје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Слични содржини