Скопјанец со БМВ прегазил две девојки и избегал

од Vladimir Zorba

Во текот на вчерашниот ден во 18.40 часот на бул.„Кочо Рацин“, пред крстосницата со ул.„Мирче Ацев“ во Скопје, патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.П.(48) од Скопје, удрило во пешаците А.З.(22) и С.Т.(21), двете од Скопје.

А.П. со возилото го напуштил местото на несреќата, но подоцна сам се пријавил во полициска станица.

Во незгодата, С.Т. се здобила со тешки телесни повреди, а А.З. се здобила со телесни повреди и биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.

Слични содржини