Солскјер верува дека Јунајтед е способен за чудо во Париз

од desk2

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскjер е уверен дека неговиот тим е способен на чудо во реваншот против ПСЖ од осминафиналето во Лигата на шампиони. Јунајтед загуби дома со 0:2 од ПСЖ во првиот натпревар, но Норвежанецот смета дека неговите играчи имаат потенцијал да ја израмнат оваа негатива.

– Минатата година Јувентус загуби со 0:3 од Реал, а на реваншот поведе со 3:0 и беше блиску до целосен пресврт. Има и многу други примери, како Барселона против ПСЖ. Кога никој не верува во вас, треба да покажеш дека поседуваш карактер. Ако го покажеме најдоброто од себе, може да направиме пресврт против ПСЖ, прокоментира Солскјер.

Тој потврди дека напаѓачот Алексис Санчез нема да игра во следниве месец и половина. 30-годишниот Чилеанец го повреди десното колено при победа од 3:2 над Саутемптон во саботата.

– Се надевам дека ќе се опорави што е можно побрзо, но тој ќе биде аут од 4 до 6 недели, рече Солскјер.

Слични содржини