Состојбата во Грција загрижувачка: 230 новозаразени, само 27 увезени случаи

од Vladimir Zorba

Грчките власти денеска потврдија 230 нови случаи на коронавирус, од кои 27 меѓу луѓето кои влегле во земјата.

Има уште три смртни случаи од петок, објави Националната организација за јавно здравје, пренесува грчката агенција АНА.

Вкупно, од првото појавување на вирусот во Грција, заразени се 6.858 лица (зголемување од 3,5 проценти во однос на петокот), од кои 1.648 се поврзани со странство, а 3.293 се веќе познати случаи.

Вкупниот број на смртни случаи е 226, а просечната возраст на смртност е 77 години.

Покрај 27 увезени случаи, најголема концентрација на инфекции има во следните префектури / региони: Солун (65, од кои 12 се однесуваат на веќе познати случаи), Атика (47), Еврос (10), Крф (9).

Повеќето други региони пријавиле помеѓу 1 и 2 случаи.

Слични содржини