Спасовски: За 4 години, невработеноста ја намаливме на рекордно ниски 16%

од Nikola Popovski

На средба со граѓаните oд населените места Зубовце, Градец и Галате, општина Врапчиште, потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски посочи дека партијата е постојано на терен, помеѓу граѓаните и работи исклучиво во интерес на секој наш граѓанин.

-Зад СДСМ стојат реални реализирани мерки, проекти и политики, како на централно така и на локално ниво. СДСМ е фаворит на овие локални избори, затоа што ја имаме најдобрата кадровска и програмска понуда која граѓаните ја препознаваат, врз основа на она што го сработивме изминатите четири години, а сработивме многу во сите области. Четири години работиме посветено, домаќински и одговорно во водењето институции. Успешноста на нашите економски политики резултира со постојан раст на минималната и просечната плата. За само 4 години за 6.000 денари ја покачивме просечната плата, што значи повеќе пари за работниците, за семејниот буџет. Ги покачивме и пензиите, невработеноста ја намаливме на рекордно ниски 16%. Тоа е разликата помеѓу нас и деструтивната опозицијата. СДСМ враќа пари назад кај граѓните ВМРО-ДПМНЕ блокира и кочи“, изјави Спасовски.

Тој нагласи дека СДСМ ја креира и реализира политиката едно општество за сите, наместо поделби, градиме држава на рамноправни граѓани со исти права и одговорности, што особено е значајно во мултиетнички средини, како што е Врапчиште. Нашите политики и нашиот концепт кој води напред, заедно со силната поддршка од граѓаните, го максимализираат и коалицискиот капацитет на СДСМ, што е додадена вредност и уште една потврда за фаворитската позиција на локалните избори.

 

Слични содржини