Србија: 61 лице почина од корона

од Stefanija Kuzmanovska

Во последните 24 часа во Србија беа заразени уште 7.041 лице со коронавирус, а 61 лице почина од последиците предизвикани од вирусот. Во споредба со минатата сабота, кога имаше 28, бројот на мртви е двојно поголем.

Тестирани се 18.592 лица, а на респираторите има 254 пациенти во болниците низ Србија.

Од почетокот на епидемијата на коронавирус досега се регистрирани 163.035 случаи на коронавирус, додека од корона досега починале 1.423 лица.

Слични содржини