Средба Тачи – Ахмети: Уставната формулација 20% да се замени со албански народ и албански јазик

од Destan Jonuzi

Лидерите на Демократската унија за интеграција (ДУИ) и Демократската партија на Албанците (ДПА), Али Ахмети и Мендух Тачи во вторникот имале заедничка средба во просторите на Собранието на Република Северна Македонија.

На средабата, како што информираат од ДПА, Тачи го информирал Ахмети за последната резолуција на 8-от Конгрес на ДПА, која се однесува на промена на членот од уставот на РСМ каде математичката формулација 20% во однос на Албанците треба да се замени со соодветна формулација како албански народ, албански јазик.

– На оваа средба се разговараше и за политичките актуелности во земјава и пошироко. Соговорниците се согласија дека ваквите средби треба да продолжат и со други политички фактори, експерти и невладиниот сектор, информираат од ДПА.

Слични содржини