Столтенберг: Во јули одлука за членство на Македонија во НАТО

од desk4

Шефот на НАТО се надева дека ќе може да се донесе одлука за почеток на преговорите за членство на Македонија на самитот на НАТО на 11 и 12 јули во Брисел, изјави Јенс Столтенберг за меѓународната телевизија Франс24 која емитува програма на француски, англиски, шпански и арапски.

–  Се надевам дека ќе има напредок со поранешната југословенска Република Македонија бидејќи тие постигнаа договор со Грција за проблемот со името. Ако тој договор биде финализиран и целосно применет новото име ќе биде Република Северна Македонија и тогаш можеме да тргнеме кон членство на поранешната југословенска Република Македонија во НАТО. Искрено се надевам дека тоа ќе можеме да го направиме.

На прашањето на новинарот дали има временска рамка за македонското членство Столтенберг одговори:

–  Тоа зависи од финализирањето на договорот во Скопје. Но јас се надевам дека ќе можеме да почнеме преговорите за членство на самитот, односно да донесеме одлука за нивен почеток на самитот на НАТО во јули, ако се се одвива според планираното околу ратификацијата и референдумот кој ќе се одржи подоцна оваа година, изјави Столтенберг зборувајќи за проширувањето на Алијансата.

Делот за Македонија можете да го слушнете на англиски на осмата минута од интервјуто./НОВА

Слични содржини