Суслина два месецa надвор од терените

од Vladimir Zorba

 

Голманот на ЖРК Вардар, Ина Суслина имаше успешна операција на менискусот на десното колено, и ќе отсуствува од натпреварите околу два месецa.suslina_20141110114612

– Хируршкиот зафат беше извршен од страна на доктор Улрих во болницата во Аугзбург, Германија. Подолго време Суслина имаше проблеми со менискусот, па во консултација со докторите и управата беше решено, тој проблем што е можно побрзо да се санира. Периодот на рехабилитација и враќање на теренот би требало да биде меѓу шест и осум седмици. И посакуваме успешна рехабилитација, соопштија од таборот на македонскиот првак.

Се очекува Суслина да се стави на располагање на стручниот штаб на Вардра во продолжението од главната фаза на Лигата на шампионите.

Слични содржини