Сведочење за голгота во време на Ковид 19: Татко ми беше лекуван во мокар кревет на кој беше гол, покриен само со чаршаф

Во време на Ковид 19 и секојдневна висока бројка на починати лица како последица од вирусот, издвојуваме сведоштво од младо момче кое неодамна го загуби својот татко како последица од Ковид.

Ненавременото лекување си го направи своето, вака ја почнува својата приказна Б.Ш. врзана за неговиот татко кој минал низ Ковид лавиринтот во македонскиот здравствен систем.

„Беше лекуван преку телефон. Хоспитализиран едно попладне,во деновите кога ја мобилизираа војската која требаше да го пренесе. Повикавме брза помош, а дојдоа војници. Не бев задоволен, бидејќи не дадоа речиси никаква помош. Не ни помогнаа, условите во возилата се страшни, и не е тоа наменето за болни од Ковид 19. Ги чекавме еден час додека да дојдат. Во болницата ГОБ „ 8.Септември“ го пречекаа мојот татко, потоа се’ се случи набрзина, а кога ги резонирав работите имаше доста пропусти во здравствениот систем. Беше поагресивен татко ми откако пристигна во болница, а јас во ниту еден момент не го напуштив. Го прегледа доктор кога стигнавме, на 28 или 29 години. Сфатив дека нема искуство, бидејќи одма беше регистриран само како Ковид пациент. Имаше сестри кои не можеа да го задржат, во моментите кога беше агресивен. Немаше ниту болничар ниту ништо, јас морав да бидам тука.

Секоја чест што се борат во оваа ситуација, но не можат да се остават така да течат работите. Од дома кога се однесе беше посвесен, а потоа дополнително притисокот и шекерот му се качија. Му ставија инсулин и инекција во мускул. Никогаш не го прегледа соодветен доктор чинам. Го однесов до тоалет во еден момент и тој доби мозочен удар, немаше никого, кого да викнам. Морав сам да го облечам и изнесам татко ми и да го ставам во количка, а потоа и сам да го ставам на кревет. Потоа пристигна невролог, по што констатираше дека имал удар, а потоа пристигнаа уролози, односно докторка која беше викната да помогне да стави катетар викаше а наместо тоа викаше: „Тоа не е моја работа“.

Тој по ударот тешко дишеше, па му беше ставено наместо маска, само цевки во нос, што сметам дека не беше соодветна превенција. Откако се случи тоа, дојде повторно невролог, го виде како изгледа татко ми, па одлучија да го префрлат на Неврологија во Државна болница бидејќи таму не можеле да го снимат. Катастрофа беше и на Неврологија. Требаше да се стави на магнетна резонанса, и таму од тројца присутни никој не сакаше да го држи татко ми за да направи магнетна со зборовите: „Јас не можам ќе се озрачам“, па по еден неуспешен обид, вториот пат јас го држев и успеав да го задржам.

Креветот подоцна го начекав мокар, со изговор дека го стерилизирале, и го оставиле покриен само со чаршаф, гол. Немаше никаква комуникација помеѓу мене како засегнат и докторите, откако беше префлен во ковид центарот повеќе никого не пуштаа внатре, па оттаму до информацијата дека починал јас немав никаква информација. Тоа беше неодговорно за една таква институција. Матичниот доктор пак,  најмногу ме изреволтира што го лечеше мојот татко со две дози сумамед и потоа една доза антибиотик појак од сумамедот, без никаков преглед претходно и направена крвна слика. Татко ми своеволно замина да се тестира. Татко ми беше предаден во пластична вреќа со патент, така пишуваше и на фактурата. Погреб имавме со протокол, ни беше дозволено да викнеме 20-30 луѓе на дистанца со маски. Никој тоа не го регулираше и тоа ни беше само кажано од погребалното АД Бутел. Процедурата инаку, подоцна дознав дека со лимен ковчег била прекината 2 недели пред да почине татко ми“, потенцира Б.Ш. кој сакаше да остане анонимен но гласно да проговори за голготата низ која минало неговото семејство и неговиот сега веќе починат татко.

 

Слични содржини