Светски познат фудбалер уапсен поради сексуален напад

од Vladimir Zorba

Познатиот бразилски фудбалер Дани Алвеш (39) е уапсен во Барселона под обвинение за сексуален напад, јавуваат шпанските медиуми.

Алвеш во петокот беше донесен во полициската станица каде што беше сослушан, а потоа префрлен во Судот, кој врз основа на собраните факти ќе одлучува за понатамошниот притвор на Бразилецот.

Да потсетиме, наводниот инцидент, како што објавија шпанските медиуми, се случил во зори, пред Нова година, кога повредената, вознемирена девојка повикала обезбедување.

Во полициската изјава таа навела дека Бразилецот без нејзина дозвола и ја ставил раката во долната облека, а таа се обидела да се одбрани.

Адвокатскиот тим на Дани Алвеш ги демантираше тие наводи, велејќи дека бразилскиот фудбалер бил многу кратко во тој ноќен клуб и дека нема никаква врска со споменатиот настан.

Алвеш, кој ја носи етикетата на најодликуваниот играч во историјата на фудбалот, настапува за мексиканскиот Унам.

Слични содржини