СВР Тетово најави дека ќе бара кој го вееше знамето со „Голема Албанија“

од Stefanija Kuzmanovska

Тетовската полиција најави дека ќе бара кој го вееше знамето со картата на „Голема Албанија“ вчера на концертот во Тетово организиран за пречек на косовскиот премиер Албин Курти.

Оваа фотографија е поставена на официјалниот профил на градоначалникот на Тетово, Биљал Касами на социјалната мрежа Фејсбук. На настанот беа и Иџет Меџити и Африм Гаши.

Претходно, во текот на вчерашниот ден Курти беше во посета на Општина Тетово, а потоа со градоначалникот Биљал Касами заедно го посетија планинското село Вејце.

Слични содржини