СЗО откри дали новиот вид на коронавирус претставува ризик за здравјето на луѓето

од Stefanija Kuzmanovska

Светската здравствена организација (СЗО) го класифицира видот на коронавирусот JN.1 како „варијанта од интерес“, наведувајќи дека во моментов постои мал ризик од овој вид по здравјето на луѓето.

Двајца експерти за „Ројтерс“ изјавија дека овој вид полесно се пренесува од другите варијанти на корона, но не предизвикува потешки форми на болеста.

СЗО соопшти дека постоечките вакцини ќе продолжат да штитат од JN.1 и други тековно циркулирачки соеви на корона.

Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) објави претходно овој месец дека подваријантата JN.1 опфаќа околу 15 до 29 отсто од случаите на корона во САД од 8 декември.

JN.1 првпат беше откриен во САД во септември, а минатата недела седум инфекции со видот беа откриени во Кина.

Слични содржини