Тајмс: Тереза Меј утре ќе поднесе оставка

од desk4

Британската премиерка Тереза Меј утре ќе поднесе оставка поради тоа што не е прифатена нејзината позиција за тоа како да се реализира напуштањето на Европската унија, објави весникот Тајмс, цитирајќи извори од владата.

Според весникот, таа може да поднесе оставка по состанок закажан за в петок со Греам Брејди, претседател на „Комитетот од 1922“, во кој се пратениците на Конзервативната партија и одлучува за прашањата за избор или смена на лидерот на партијата.

Според Би-би-си и Дејли телеграф, многу поддржувачи на премиерката одбија да ја поддржат, откако таа им вети на пратениците дека ќе можат да гласаат за одржување втор референдум за Брегзит, ако го поддржат договорот со ЕУ.

Според извори на Би-Би-Си во владата, тоа предизвикало вистински шок кај некои министри, и на состанокот на кабинетот за проблемот со Брегзит, таквата можност не била одобрена.

Слични содржини