Инцидент во Собранието на Србија, прекинато обраќањето на Вучиќ (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Во тек е посебна седница на Собранието на Србија, на чиј дневен ред е извештајот за преговорите со Приштина од први септември до 15 јануари, кој се одржува денеска. На седницата присуствува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Уште од самиот почеток на седницата беше тензично, бидејќи претставниците на опозицијата постојано упатуваа навреди кон Вучиќ при неговиот воведен говор, за што претседателот на Собранието Владимир Орлиќ неколку пати ги опомена. Исто така, претставниците на опозицијата донесоа неколку транспаренти во салата.

Но, во еден момент ситуацијата ескалира кога пратениците од опозициските партии по скандирањата го прекинаа обраќањето на претседателот Александар Вучиќ, тврдејќи дека има кршење на Деловникот.

Во инцидентот учествуваа пратеници од Двери, движење Заветници, Народна партија и ДСС, кои го прекинаа Вучиќ скандирајќи и велејќи „Предавство“ и „Косово нема да го дадеме“, а потоа се упатија кон претседателот, пренесе „Танјуг“.

После тоа пратениците на СНС станаа и дојде до тепачка, туркање, викање и пцуење. Претседателот на Собранието го обвини Милош Јовановиќ, лидерот на новата ДСС, дека сака физички да го нападне Вучиќ.

Сите се стуркаа кон говорницата на која седеше претседателот на Србија. Во еден момент тој беше целосно опкружен со пратеници.

Претседателот на Собранието неколку минути се обидуваше да ги смири страстите и кога успеа, ситуацијата повторно излезе од контрола.

Слични содржини