Тешка сообраќајка на патот Струга-Дебар, повредено едно лице

од Nikola Popovski

МВР информира дека едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера на регионалниот пат Струга-Дебар, помеѓу две возила.

-На 17.01.2022 околу 13.20 часот било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“, со вевчански регистарски ознаки, управувано од Т.Р.(41) од с.Вевчани, струшко и патничко возило „шкода“, со струшки регистарски ознаки, управувано од К.А.(49) од с.Велешта, струшко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил К.А., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга, велат од полицијата.

Слични содржини