Велика Британија може да ја преиспита одлуката за напуштање на ЕУ во рок од пет години .
Ова го изјави поранешниот британски премиер Тони Блер пред 15-тата годишна конференција на Форумот “Јалтенско-европска стратегија” (Yalta European Strategy – YES) во Киев.

“Не сакам да дискутирам  за огромните предизвици кои стојат пред Европа. Го имаме предизвикот на миграцијата, со што не успеваме сосема да се справиме. Исто структурните и политичките проблеми на еврозоната. Но ќе направам една прогноза, а по години ќе видиме дали грешам: Европа ќе ја биде , Европа ќе процвета, а Велика Британија ќе ја промени својата одлука за Брекзит “. – предвидува Блер, цитиран од ДА.

Експремиерот на Велика Британија потсетува дека по Втората светска војна Европа се обединува  да го зачува мирот, но членството во ЕУ  им дава на земјите и значителни други предности.

“Главната цел на постоењето на обединета Европа сега е да бидеме силни .

Во средината на овој век ќе има три гиганти – Америка, Кина и најверојатно Индија .

Тие ќе бидат толку големи да земјите со средни размери како Германија или Франција ќе треба да бидат обединети, за да не бидат зависни. Сега целта е не само мир, но и сила. ” – коментира британскиот државник.

Тој истакнува дека ЕУ има потреба од реформи, но тоа не е причина за напуштање на заедницата.

“Се разбира дека ќе има и предизвици , но немам никакви сомневања дека Европа ќе биде подобра, ако Велика Британија остане во заедницата, а Велика Британија ќе биде подобра, кога при повторното гласање ќе решиме да се вратиме во Европа.” , резимира Блер .