Трагедија во Германија: Товарен воз удри две момчиња

од Stefanija Kuzmanovska

Десетгодишно момче загина, а деветгодишно момче е тешко повредено кога во нив удрил товарен воз во Реклингхаузен, во областа Рур во западна Германија, соопшти полицијата, цитирана од „Билд“.

Според весникот, возот ги влечел момчињата неколку стотици метри.

На повреденото момче му е извршена операција и неговиот живот повеќе не е во животна опасност.

Слични содржини