Трагедијата во Белград го вклучи алармот: МОН организира средба со универзитетски професори од областа на педагогијата и психологијата

од Nikola Popovski

Во Министерството за образование и наука (МОН) денеска ќе се одржи средба со универзитетски професори од областа на педагогијата и психологијата, безбедноста и сајбер насилството од која се очекува да произлезат заклучоци коишто ќе бидат иницијален чекор за подигнување на институционалната грижа за правилен развој на младите. По завршување на средбата, како што најави МОН, ќе бидат соопштени заклучоците, односно препораките, кои ќе бидат иницијален чекор за подигнување на институционалната грижа за правилен раст и развој на младите.

Од МОН потенцираат дека случувањата во нашето соседство вклучија сериозен аларм оти институционалната, семејната и индивидуалната посветеност и грижата за правилниот раст и развој на децата треба да се подигнат на уште повисоко ниво.

– Како креатори на образовните политики, Министерството за образование и наука заедно со Владата на Република Северна Македонија и сите други засегнати институции и установи, согласно своите надлежности, веднаш започнуваме со ревидирање на воспитната компонента на образовниот систем, механизмите за детекција на предизвици и формите на поддршка на учениците и семејствата. Очекуваме поддршка од сите засегнати чинители, експертската јавност, граѓанскиот и невладиниот сектор, бизнис заедницата и меѓународните партнери, кои и досега имаат важен придонес во напорите за заштита на правата на децата, за заштита на физичкото и менталното здравје, спречувањето на врсничко и неврсничко насилство и така натаму. Образовниот систем има примарна улога во градењето на младите како личности кои треба да ги прифаќаат и применуваат вистинските човечки, етички и морални вредности и норми. Но, какви генерации ќе создадеме не зависи само од наставниот кадар и стручните служби во училиштата. Тоа е обврска на сите општествени чинители, се наведува во соопштението на МОН.

Очекуваат поддршка од сите засегнати чинители, експертската јавност, граѓанскиот и невладиниот сектор.

Слични содржини