Трајановски: Брзиот автобуски превоз не треба да се реализира

од Andreja Salpe

Поранешниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски преку својот фејсбук профил излезе со реакција на проектот Брз Автобуски Транспорт на актуелниот Петре Шилегов,  за кој вели дека воопшто не требало да се реализира.

„Брз Автобуски Tранспорт или BRT е проект кој не треба да се реализира од повеќе аспекти. Ова автобуско метро, како што милува власта да го нарече, значи комплетна редефиниција на сообраќајот во Скопје кој се создаваше повеќе од 60 години, што по многу параметри е неизводливо, односно толку комплексно што бара многу години подготовка и е многу скапо. Ефектот е минимален и ќе доведе до проблеми далеку поголеми отколку што во моментов ги има Скопје а може да предизвика хаос. Но ова се случува кога набрзина смислувате лави при што ги заборавате основните постулати, а тоа е исплатливвостаа, ефектот и безбедноста на граѓаните и сета лага да ја вклопите во постоечката инфраструктура“, смета Трајановвски

Слични содржини