Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган не планираат да бараат од американската влада помош околу трошоците за своето осигурување, соопштија вчера нивните портпароли.

Ваквата реакција на Хари и Меган следува како рекација на твитот на американскиот претседател Доналд Трамп, кој претходно напиша дек САД нема да плаќа за нивната заштита, доколку парот се пресели.

Хари и Меган се повлекоа од кралските должности, а според медиумите од Ванкувер се преселиле во Лос Анџелес.

„Сега ја напуштија Канада и се преселија во САД, но САД нема да плаќа за нивното обезбедување. Сами нека платат!“, напишал Трамп.

„Војводата и војвотката од Сасекс не планираат да бараат од американската влада заштита. Веќе е направен ангажман за приватно финансирана заштита“, соопштила портпаролката на парот.

Слични содржини