Трамп од Џорџија: Нема да дозволиме преземање на Белата куќа, ѓаволски ќе се бориме!

Американскиот претседател Доналд Трамп повтори дека нема да се откаже од борбата за победа на изборите во ноември, најавувајќи дека наскоро ќе бидат објавени нови докази во врска со легитимноста на резултатите од изборите.

Трамп тоа го изјави вчера на митингот во Џорџија, каде денес се одржуваат повторени избори, на кои ќе одлучува мнозинството во американскиот Сенат.

– Гледајте што ќе се појави во следните неколку недели. Внимавајте што ќе биде обелоденето – рече Трамп.

Двајца републикански кандидати, Дејвид Пурдју и Кели Лефлер, се натпреваруваат за Сенатот, а нивни противници од редовите на демократите с Џон Ософ и Рафаел Варнок.

На Републиканската партија, всушност, и треба уште едно место за да го зачува мнозинството во Сенатот.

– Нема шанси да изгубиме во Џорџија. Тоа беа наместени избори, но ние сепак се бориме и ќе видите што ќе се случи – изјави Трамп.

Тој ги повика граѓаните да ги поддржат републиканските кандидати во Џорџија, наведувајќи дека демократите ќе се обидат да го преземат Врховниот суд.

Тоа, рече тој, ќе ги елиминира верските слободи, Вториот амандман, границите и големиот нов ѕид.

– Никогаш повеќе нема да има фер избори во Америка – оцени Трамп и посочи:

– Тој нема да ја преземе Белата куќа! Ѓаволски ќе се бориме.

Трамп објави дека Американците ќе слушнат нови докази во среда, очигледно мислејќи на доказите во врска со наводната изборна измама.

Да потсетиме, американскиот претседател беше на митингот во Џорџија минатиот месец дека демократите ќе се обидат да украдат две важни места во Сенатот, за кои тој посочи дека ја претставува „последната линија на одбрана за спас на Америка“.

Тој ги повика приврзаниците да гласаат за републикански сенатори, додавајќи дека ако не го сторат тоа, „социјалистите и комунистите ќе победат“.

Слични содржини