Ова стана очигледно од белешката што ја напишал и подоцна беше прочитана од спасувачкиот тим.

Можеби, сепак, 25-годишниот маж ќе биде обвинет за ставање на ризик од малолетници во лоши временски услови во земјата оваа сезона.

  Се сеќаваме дека сите од нив чудесно преживеаја, но се уште не можат да се извадат. За две недели групата  не може да излезе а  специјалистите се грижат за нивото на кислород.

Момчињата ги смириле своите роднини за да бидат добри. Некои од нив дури инсистираа дека нема да ги пропуштат своите родендени.

Кои се опциите за извлекување на момчињата од пештерата? (ВИДЕО)

Смртта на поранешниот специјалец фрли сенка врз обидите за спасување на 12-те момчиња и нивниот тренер кои се веќе речиси две недели во пештера на северот на Тајланд. Главното прашање е како момчињата да се извлечат на безбедно, а нови проблеми се јавуваат од минута во минута.

Најголемата опасност е во најавата на нови обилни дождови на тоа подрачје за време на викендот, што значи дека спасувачите ќе мора да реагираат во најкраток можен рок за да ги спасат животите на момчињата и да ги извлечат на безбедно.

Сепак спасувачката акција дополнително ја искомплицира и драматичниот пад на кислородот во пештерата. Веднаш почна акција за внесување боци со кислород за момчињата, но стана јасно дека плановите за чекање неколку недели, па дури и месеци, за да се спасат момчињата сега паѓаат во вода.

Иако се појавија информации дека момчињата поради исклучително тешката ситуација би можеле да се обидат да ги спасат уште денес, тајландската влада го демантираше тоа. Момчињата, како што кажаа, веќе научиле да нуркаат, но секој обид да се извлечат од пештерата денес би завршил трагично, беше кажано на вонредна прес конференција.

Спасувачите сега имаат три главни опции, а секоја од нив носи одредени проблеми, пишува Си-ен-ен.

Првата опција е да се извлечат момчињата од пештерата пред да почнат дождовите. Спасувачите ја разгледуваат опцијата со помош на боци со кислород да се извлечат со нуркање низ тунелите. Станува збор за многу опасна опција бидејќи повеќето момчиња не ни знаат да пливаат, а почнале да учат да нуркаат пред неколку дена кога беа најдени.

Втората опција е некако да се дојде до момчињата од површината. Десетици војници, спасувачи и локалци трагаат по природни оџаци, дупки во тлото на површината кои би можеле да бидат поврзани со пештерата каде што се момчињата. Со други зборови, се бара досега непознат влез во пештерата.

Десетици војници, спелеолози, други експерти и локални жители кои го познаваат теренот „чешлаат“ прилично голема површина. Станува збор за див терен со густи дрвја и растенија па многу е веројатно непознатиот влез во пештерата, ако воопшто постои, да е покриен со зеленило и невидлив.

Третата, сега веќе незамислива опција, е да се чека со месеци да се спушти нивото на водата и да мине сезоната на монсуните. Бидејќи тоа ќе трае со месеци, спасувачите стравуваат дека таа опција е невозможна токму поради фактот што нивото на кислород во пештерата паѓа и дека се најавени нови дождови кои може да ја потопат пештерата.

Последна информација е дека ноќеска бил откажан обидот со нуркање да бидат извлечеми децата