Три мачки и куче позитивни на Ковид-19 во Холандија

од Aleksandar Petrovski

Куче и три домашни мачки кои живеат во Холандија се заразени со коронавирусот, објави денес телевизијата РТЛ, повикувајќи се на министерката за земјоделство на таа земја.

„Сè упатува на фактот дека сопствениците ги заразиле овие животни“, ја цитираше РТЛ министерката Карола Шутен, пренесува Ројтерс.

– Значи, ако сте болни, не гушкајте ја мачката или кучето – додаде Шутен.

Инфекции и некои други животни се пријавени повремено низ целиот свет за време на тековната пандемија на коронавирусот.

Холандскиот Национален институт за здравство наведува дека ризикот животните да го заразат човекот е многу мал.

Слични содржини