Тричленото семејство извлечено од пештерата во Словенија

од Nikola Popovski

Успешно се спасени петте лица, меѓу тричленото семејство и двајца водичи, кои од саботата поради обилните врнежи беа затрупани во пештерата Крижна јама во Словенија. Командантот на Цивилната заштита, Санди Ќурк потврдил дека евакуацијата била успешна, а петмината биле успешно спасени околу 15:00 часот.

Моментално се на преглед од медицински персонал.

Да потсетиме, вчера, како и во саботата спасувачките екипи успеале да стигнат до пет затрупани лица, а до нив и назад од пештерата беа потребни добри осум часа. Но, нивото на водата во пештерата сепак било превисоко за безбедна евакуација.

Нивото на водата почнала да опаѓа во неделата навечер, а конечната одлука на спасувачите ја донеле денеска по проценката на ситуацијата која ги затекнала утрово. Спасувачите утрово околу девет часот влегле во пештерата и извршиле проценка, по што започнале со евакуација.

Ден претходно, шефот на Службата за спасување во пештера, Валтер Закрајшек изјавил дека лицата заробени во пештерата се во добра психичка и физичка состојба.

Слични содржини