Трифунов по апсењето на Алабаковски: Со омразата кон нас, се палите самите себеси

од Берта Китинска

Лидерот на бугарската политичка партија „Има таков народ“, Слави Трифунов, се огласи на Фејсбук, по приведувањето на пејачот Ламбе Алабаковски кој е осомничен за палењето на влезната врата на бугарскиот културен центар „Ванчо Михајлов“ во Битола.

„Стана јасно кој е пироманот кој го запалил бугарскиот културен центар „Иван Михаилов“ во Битола. Станува збор за 34-годишен пејач по име Ламбе Алабаковски. Тој го признал делото. Во исто време, корисниците на социјалните мрежи во Северна Македонија почнаа да објавуваат фотографии со пораки: „И јас сум Ламбе Алабаковски! Beе ѕuіѕ Ламбе Алабаковски! Сите сме Ламбе, стоп за фашизмот“. Сега, од сета оваа гнасна историја, Северномакедонците, ако се паметни, сепак можат да извлечат сериозна лекција. Ќе ви кажам што е таа. Ламбе во раните утрински часови на 4 јуни отишол пред Бугарскиот културен центар „Иван Михаилов“, и предизвикал пожар. Пожарот избувнал толку брзо што според пишувањата на медиумите во Северна Македонија, тој имал изгореници на рацете. Која е поуката, драги мои соседи од Северна Македонија? Поуката е дека со омразата кон нас се палите самите себеси“,напиша Трифунов на Фејсбук.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски соопшти дека е фатен сторителот кој ја потпали влезната врата на Центарот за култура „Иван Михаилов“ во Битола.

-Со задоволство можам да обзнанам брза и ефективна разрешница на случајот од пред три дена (04.06.2022) со кривично-правниот настан – пожар во центарот „Иван Михајлов“ во Битола, кој е веќе расчистен и имаме приведено лице кое го призна делото. Се работеше деноноќно да се изнајде сторителот, се земаа предвид сите докази, а по извршените службени разговори во изминатите денови, вчеравечер, со судска наредба, беше извршен претрес на две локации кои ги користи Л.А.(34) од Битола, при што се пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело, по што лицето е лишено од слобода. Уште еднаш покажавме дека единствената моќ што ја има секоја правна држава е моќта да го сузбие криминалот. И во овој сегмент нема „пардон“, нема заштитени лица – сите се еднакви пред лицето на законот, а секој којшто се огрешил – мора да одговара!, објави министерот Спасовски.

Слични содржини