Црвенковски на средба со Советот на амбасадори-разговарале за искуствата на земјата за членство во ЕУ

од Берта Китинска

Советот на амбасадори заедно со поранешниот македонски премиер и  претседател Бранко Црвенковски разговарале за досегашните и актуелните искуства на земјата кон идното членство во Европската Унија.

„Според проценката дека секое претходно политичко и државничко искуство би можело целисходно да се искористи во тој процес. Советот на амбасадори го покани поранешниот македонски претседател да ги изложи своите погледи и идеи во овој контекст, на трибина во организација на ова граѓанско здружение, што се планира за првите месеци од мандатот на идното, француско претседавање со ЕУ“, соопшти Советот на амбасадори.

На средбата присуствувале  претседателот на Советот на амбасадори од Северна Македонија Мухамед Халили, заедно со членовите на Извршниот одбор на Советот, Љупчо Арсовски и Тихомир Илиевски.

Слични содржини