Турција: Покренати истраги против повеќе од 600 лица поради рушењето на зградите

од Stefanija Kuzmanovska

Во Турција се покренати истраги против повеќе од 600 лица поради рушењето на згради во катастрофалните земјотреси на 6 февруари, изјави денеска турскиот министер за правда Бекир Боздаг.

Тој наведе дека 184 од 612 осомничени се задржани во затвор во очекување на судењето, и дека меѓу приведените има градежни изведувачи и сопственици или управители на згради.

„Откривањето на доказите во зградите продолжува како основа за кривична истрага“, рече Боздаг во Дијарбакир, пренесе АП.

Слични содржини