Турски суд осуди 72 учесници во обидот за државен удар на доживотен затвор

од Vladimir Zorba

Турски суд денеска осуди 72 обвинети на доживотен затвор за нивната улога во судирите на мостот во Истанбул, каде беа убиени 34 лица за време на обидот за државен удар пред две години.

Се очекуваат пресуди за уште 71 обвинет во овој случај, во кој се обвинети за намерно убивање на цивили кои одговориле на повикот на претседателот Реџеп Тајип Ердоган да им се даде отпор на пучистите на мостот преку Босфорскиот теснец ноќта на 15 јули 2016 година.

Слични содржини