Учесничка во немирите во Капитол се состанала со Тајната служба? „Имаше ВИП пропусница за протестот“

од Stefanija Kuzmanovska

Лидерката на екстремно десничарската група „Чувари на заклетвата“, чии членови учествуваа во упадот во Конгресот, вели дека пред немирите се состанала со припадници на Тајната служба.

Џесика Воткинс е една од деветте члена на групата обвинети за заговор против владата и спречување на Конгресот да ја потврди победата на Џо Бајден.

Обвинителството тврди дека Воткинс нелегално упаднала во Капитол, додека одбраната вели дека таа не учествувала во насилството. Воткинс, инаку учесничка во војната во Авганистан, изјави дека не е виновна за ковање заговор.

Во обвинението се тврди дека таа во Капитол донела комуникациски уреди, камуфлирани шлемови, очила за пливање, панцири, и дека заедно со другите членови на групата „Чувари на заклетвата“ насилно влегле на Конгресот.

Нејзината одбрана, меѓутоа, тврди дека таа не учествувала во насилството, туку била во Капитол за да „ги обезбеди говорниците на протестот, за безбедно да ги придружува демонстрантите од зградата на Конгресот до автомобилот. Таа имала ВИП пропусница за протестот и се сретнала со членови на Тајната служба“.

Претставник на Тајната служба изјави дека тие соработувале со партнери од владата за прашањето за безбедноста на 6 јануари и дека станува збор за „лажно тврдење дека за тоа ангажирале кој било граѓанин“.

Обвинителството тврди дека членовите на групата „Чувари на заклетвата“ заговарале во ноември 2020 година за да го нападнат Конгресот и дека планирале напад налик на воен.

Повеќе од 200 лица се обвинети за учество во немирите во кои беа убиени пет лица.

Џесика Воткинс е во притвор од средината на јануари и бара од судот да се брани од слобода до почетокот на судењето, со образложение дека таа била „лошо третирана како трансродово лице“.

Слични содржини