Украина побара странски пилоти на Ф-16 да се борат против Русија

од Stefanija Kuzmanovska

Украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников упати покана до странските пилоти и специјалисти кои се „подготвени и способни“ да користат и сервисираат американски борбени авиони Ф-16 да се приклучат на одбраната на Украина.

Резников го упати овој апел за време на заедничкиот брифинг за печатот со неговиот дански колега Троелс Лунд Поулсен во медиумскиот центар во Одеса, пренесува украинската новинска агенција УНИАН.

„Овој повик е упатен до пилотите. Доколку има пилоти кои знаат да летаат со борбени авиони Ф-16 и се подготвени да учествуваат (во војната), ние сме подготвени да им ја отвориме вратата“, рече Резников.

Слични содржини