Уште 1269 позитивни на корона, 162 се заразуваат по втор пат

од Nikola Popovski

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа од направени 4.047 тестови, регистрирани се 1.269 нови случаи на КОВИД-19.

Билансот по градови изнесува Скопје – 686, Тетово – 75, Битола – 65, Куманово – 61, Велес – 48, Гостивар – 44, Кавадарци – 33, Прилеп – 32, Кичево – 26, Гевгелија – 25, Охрид и Валандово – по 20, Неготино – 16, Ресен – 12, Струмица и Струга – по 11, Дебар – 9, Кочани, Крива Паланка и Богданци – по 8, Штип и Делчево – по 7, Радовиш и Крушево – по 6, Виница – 5, Свети Николе и Кратово – по 4, Берово и Демир Хисар – по 3, Демир Капија и Пехчево – по 2, Пробиштип и Дојран – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (1.269), регистрирани се 162 реинфекции.

Регистрирани сe 848 оздравени пациенти од: Скопје – 227, Тетово – 78, Куманово – 64, Кавадарци – 58, Битола – 54, Велес – 47, Гевгелија – 35, Прилеп – 32, Гостивар – 30, Неготино и Струмица – по 27, Охрид – 25, Кочани – 23, Штип – 22, Кичево – 13, Струга и Свети Николе – по 12, Ресен – 8, Богданци и Делчево – по 7, Валандово, Крива Паланка и Радовиш – по 6, Дебар, Виница и Кратово – по 4, Демир Капија, Пробиштип и Македонски Брод – по 3, Крушево – 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.852.018 тестирања на КОВИД-19.

 

Слични содржини