Вакцинирала туѓо дете без дозвола, неговата мајка повикала полиција

од Nikola Popovski

Жена од Њујорк без медицински квалификации е уапсена откако наводно му дала вакцина против корона на тинејџер (17) без дозвола од неговото семејство, пренесува Дејли Мејл.

Лора Паркер Русо (54) била уапсена од полицијата на округот Насау, откако инцидентот се случи на новогодишната ноќ во нејзината куќа во Си Клиф на Лонг Ајленд.

Тинејџерот наводно ја примил вакцината и отишол дома за да ѝ каже на својата мајка, која повикала полиција. Не е јасно дали Русо го познавала момчето.

По истрагата било утврдено дека Русо не е медицински експерт и дека не е овластена да дава вакцини. Нејасно е како ја добила вакцината и за која марка станува збор, пренесува Daily Mail.

Русо е обвинета за неовластена практика на професијата. Нејзиното следно појавување пред судот е закажано за 21 јануари.

Сличен случај се случи и на другиот крај на САД. Аријана Фрејзер, мајка од Флорида, изјави дека нејзината ќерка (5) ја примила вакцината против грип во училиштето Лејк Ворт Бич во декември без нејзина дозвола.

„Го извадивме фластерот и таа имаше трага од вакцината, на хартија пишува дека ја добила вакцината против грип, што не ја одобривме“, изјави таа за „ABC News“.

Во САД, повеќе од 14,7 отсто од децата на возраст од 5 до 11 години се целосно вакцинирани, додека 53,4 отсто од малолетниците на возраст од 12 до 17 години се целосно вакцинирани.

Фото: Getty Images

Слични содржини