Ванг Ји: Кина повикува на мировни преговори за Украина што е можно поскоро

од Vladimir Zorba

Кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји во Минхен изјави дека Кина не е креатор на украинската криза, ниту е страна во тој конфликт и дека конфликтот во Украина не го гледа како можност за стекнување бенефиции, туку повика на мировни преговори што поскоро.

„Претседателот (на Кина) Си Џинпинг истакна дека суверенитетот и територијалниот интегритет на сите земји, целите и принципите на Повелбата на Обединетите нации мора да се почитуваат. Разумните безбедносни грижи на сите земји мора да се сфатат сериозно и сите напори кои водат кон мирен мора да се поддржи решавањето на кризата“, рече Ванг на панелот на Конференцијата за безбедност во Минхен.

Тој посочи дека тоа е фундаменталната позиција на Кина и дека Кина е упорна во промовирањето на мировните преговори и игра позитивна улога во враќањето на мирот, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.

Слични содржини