Ванилици за постот по рецепт на нашите баби и мајки

од desk2

Направете посни ванилици за постот пред Велигден.

СОСТОЈКИ:
150 гр. маргарин
100 гр. шеќер во прав
500 гр. брашно
1 лимон (сок)
1 лажиче екстракт од ванила
пекмез од кајсии
шеќер во прав за горе

ПОДГОТОВКА:
Се става брашното во сад со стопен маргарин и со сок од лимон и екстракт од анила и се меси тесто.
Не смее да се рони, ни да биде пре меко.
Се остава со кесе половина час.
Се развлекува и се вадат со шолја кругови.
Се ставаат во плех со хартија и се печат на загреана рерна на 180 степени 10 минути.
Треба да пожолтат, не да станат кафени.
Се мачка една со пекмез и се преклопува да се залепи со друг круг, па се валкаат во шеќер во прав.
Уживајте!

Слични содржини