Венгер: Малку навивачи нè гледаат? Нормално

од Vladimir Zorba

Арсен Венгер има објаснување за слабата посетеност на Арсенал, кој вчера, иако тешко, го совлада Стоук со 3-0.

На „Емирати“ сепак видливо имаше доста празни места за што причина, се разбира, е претставувањето на „топџиите“, кои се само шести, при тоа на огромно заостанување од Топ 4.

„Ние ја знаеме нашата позиција добро, а фановите исто така разбираат дека не се бориме за титулата. Тоа е цената што треба да ја платиме за тоа“, истакна францускиот менаџер.

„Всушност, кога ќе го погледнете рангирањето, може да видите дека не можете да направите многу. Исто така имаме важен натпревар во Европа, па концентрацијата можеби не е комплетна. Играчите беа со своите национални тимови, а исто така беше и Велигден, па така овие работи беа веројатно исто така под влијание“, додаде тој.

„Во првото полувреме едноставно не бевме емоционално расположени за натпреварот и затоа правевме доста грешки и ни недостигаше прецизност и ентузијазам. По паузата сериозно се подобривме и иако бев во прво време загрижен дека би можеле да загубиме, по тоа поверував дека ќе победиме. Со вакви ривали, мора да бидете подготвени за битка, а Стоук ни го даде тоа“, објаснува Венгер.

Слични содржини