Весници од Манчестер: Солскјер ќе добие отказ пред почетокот на викендот

од Nikola Popovski

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер би можел да добие отказ уште оваа недела, пренесува локалниот „Манчестер Ивнинг Њуз“.

Според медиумите, челниците на клубот од „Олд Трафорд“ ја разгледуваат можноста да го отпуштат Норвежанецот пред мечот со Тотенхем во сабота.

Тоа би значело и дека последниот меч на Солскјер на клупата беше дебаклот од најголемиот ривал на Ливерпул, кој во неделата славеше со убедливи 5-0 на „Театарот на соништата“.

„Црвените ѓаволи“ го претрпеа петтиот пораз во последните девет натпреварувачки натпревари оваа сезона. Навивачите го искажаа своето мислење со свирежи на дуелот со Ливерпул, а се верува дека деновите на поранешниот напаѓач на „црвените ѓаволи“ се избројани.

За наследникот има многу шпекулации. Во моментов најголем кандидат е Италијанецот Антонио Конте.

Слични содржини