Вежба јога во топлес издание: Вака сега изгледа жената со која Бекам имаше афера во 2004 година (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

На Нетфликс вчера беше премиерно прикажан документарниот филм „Бекам“ во кој гледачите во четири епизоди го следат професионалниот подем и семејниот живот на британскиот фудбалер Дејвид Бекам. За првпат Дејвид и неговата сопруга Викторија јавно проговорија за неговата љубовна афера во 2004 година.

Додека тој играше за Реал Мадрид, британските таблоиди објавија приказна за неговото неверство и открија како Бекам ја изневерувал сопругата со Ребека Лос, која му била лична асистентка.

Во документарецот Дејвид раскажува како бил многу осамен кога дошол во Мадрид бидејќи неговото семејство не било со него. Имено, Викторија останала во Лондон со синовите Бруклин и Ромео бидејќи не сакала да ги менуваат училиштата и градинките среде година, а разделбата му била тешка на фудбалерот и тој очигледно утеха нашол со личната асистентка.

„Искрено, не знам како го надминавме тоа. Викторија е сè за мене. Да ја видам повредена беше неверојатно тешко. Она што го имавме беше вредно за да се бориме“, рекол Дејвид во документарецот, а очите му се наполниле со солзи.

На Викторија исто така не ѝ беше лесно да се сети на тој болен период, кој го нарече најлошиот период во нивните животи.

Информациите за аферата со познатиот фудбалер во медиумите наводно ги објавила Ребека која тврдела дека таа и Дејвид биле во врска четири месеци. После тоа дала интервјуа за бројни телевизиски куќи и тоа наводно ѝ донело милионска заработка и ѝ овозможило да се најде на насловната страна на Плејбој. Ребека сега е инструктор по јога и живее во Норвешка.

Таа е мажена и има две деца и е посветена на здравиот живот, а на Инстаграм често објавува фотографии на кои вежба јога, а често на тие фотографии вежба јога во топлес издание. Таа е во брак со докторот Свен, кој го запозна во реалното шоу „71 Degrees North“, а заедно ги добија синовите Магнус и Лиам.

Слични содржини