(ВИДЕО) 15-годишно момче се бори за живот откако ученичка пукала во училница во Лос Анџелес

од desk4

Двајца ученици се повредени при пукање во училиште во Лос Анџелес, Калифорнија, објави телевизискиот канал на Ен-Би-Си.

Жртвите се 15-годишно момче и 15-годишно девојче. Тие се пренесени во болница. Момчето е погодено во главата и се наоѓа во животна опасност, а девојчето е повредено во рачниот зглоб.

Според податоците Ен-Би-Си, ученичката која пукала во училницата е уапсена. При пукањето се повредени уште три лица: 30-годишна жена, 11-годишно момче и 12-годишно девојче. Причината за пукањето се уште не е откриено.

Слични содржини