ВИДЕО: Бајден напушти емисија пред истата да биде одјавена

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот претседател Џозеф Бајден направи гаф кога напушти телевизиско студио, пред водителката да го одјави интервјуто и да објави реклами.

Во ретко интервју, кое го дал за MS NBC, Бајден станал од столот додека сè уште биле вклучени камерите, се ракувал со водителката и си заминал, пишува New York Post.

Дури потоа водителката објавила реклами, иако невообичаено е гостин да замине пред тоа.

Видеото на кое Бајден си заминува, очигледно несвесен дека програмата е во живо, брзо стана вирална.

За време на 20-минутното интервју, Бајден зборуваше за одлуката на Врховниот суд од четвртокот за забрана на афирмативни дејствија при одлуките за прием во високото образование, тврдејќи дека „огромното мнозинство од американскиот народ не се согласува со многу од одлуките што ги носи овој суд“.

Слични содржини