(ВИДЕО) Каскадер се обидел со трик со Лада Нива и паднал од трикатна зграда

од Vladimir Zorba

Откако ќе го погледнете ова видео, можеме да зборуваме за издржливоста на култниот руски теренец Лада Нива, но и за чистата среќа на возачот при слободен пад од дваесетина метри.

Вакво видео не се гледа често, а како и другите кои доаѓаат од Русија, и ова е прилично бизарно.

Имено, познат каскадер во Русија кој често се занимава со разни акробации „не го пробувај ова дома“, 32-годишниот Евгениј Чеботарев или „Кен Блок за сиромашни“, се обидел да изведе акробација со скокање со Лада Нива од зграда до зграда некаде во Северна Осетија во Русија и имаше неверојатна среќа што преживеа.

Слични содржини