Вклучени алармите во Ист Гејт, избувнал пожар

од Nikola Popovski

Утрово избувнал пожар во Ист Гејт Мол, по што трговскиот центар морал да биде евакуиран. Се вклучиле и алармите за пожар.

Според информациите на „Локално“, пожар избувнал во еден од рестораните на првиот кат, каде што има бројни посетители и каде што се поставени столчињата и масите за јадење.

На терен се излезени полициски возила, како и десетина припадници на Скопската противпожарна бригада.

Пожарот не бил пријавен на Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.

Слични содржини