Владата обезбеди ваучери за струја за 45.000 граѓани од ранливите категории

од Nikola Popovski

Владата за 45.000 граѓани од ранливи категории обезбеди ваучери по 1.000 денари месечно за покривање на трошоците за електрична енергија и греење, информира вечерва новиот мандатар и претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Поранешниот заменик-министер за финансии потврди дека веќе е направен финансиски трансфер на енергетските компании оваа година, оставена е ставка во Буџетот за идната година, при што првиот удар на кризата е намалена стапката на ДДВ од 18 на 5 % за електрична енергија.

Тој нагласи дека цената не електричната енергија врз основа на инпутите добиени од страна на компаниите производители и дистрибутери на електрична енергија ја одредува Регулаторна комисија за енергетика, меѓутоа врз основа на сите мерки што беа преземени од страна на Министерството за финансии и Владата нема да се случи ценовен шок и нема да има рестрикции.

Ковачевски посочи дека нема да ги користи целосните уставни рокови за формирање, туку планира предлог составот на Владата да биде поднесен на 11 јануари по што согласно роковите, да биде закажана седницата за избор на новата Влада.

Слични содржини