Владата со преку 93% исполнетост на условите за активна транспарентност

од Берта Китинска

Владата на Република Северна Македонија ја подобрила активната транспарентност во споредба со минатата година и таа изнесува 93,5 проценти, според Индексот на активна транспарентност објавен од Центарот за граѓански студии.

Просечната активна транспарентност, односно објавувањето информации на сопствена иницијатива на институциите е во постојан раст во изминатаиве 4 години, а Владата се наоѓа во самиот врв.

Со раст од повеќе од 10 проценти во споредба со минатата година, Владата се наоѓа на третото место во активната транспарентност, веднаш после Министерството за одбрана и Општина Карпош кои добија совршени оценки.

Значителен напредок се забележува и во активната транспарентност, односно проактивнста во објавуањето на информации, од страна на министерствата. Оваа година достгна 79%, што е значително подобрување во однос на 2016, кога активната транспарентност изнесуваше само 44%.

Иницијалното истражување на Центарот за граѓански комуникации е спроведено од 22 март до 9 април 2021 година. Финалното рангирање на институциите е извршено според степенот (процентот) на исполнување на обврските, т.е. според индексот на транспарентност, којшто се добива како однос меѓу бројот на доделени бодови и вкупниот број можни бодови.

Слични содржини