Влаховиќ: Јувентус е гордост, традиција и семејство

од Vladimir Zorba

Душан Влаховиќ со преселбата во Јувентус и официјално стана најскапиот српски фудбалер во историјата, а впечатоците не ги криеше ниту при потпишувањето на договорот.

Душан го зеде бројот седум, кој пред него го носеше Кристијано Роналдо, а договорот го потпиша на четири и пол години. Најдобро од се, Влаховиќ на денот на потпишувањето го прослави и својот 22 роденден.

„Среќен сум што сум овде, прекрасно е да се има таков посебен роденден. Горд сум што сум дел од овој клуб, до крај ќе се бориме за важни цели. Јувентус претставува гордост, традиција, семејство. Јувентус е секогаш тука, никогаш не се откажува. Би сакал да продолжам по истиот пат и да бидат горди во клубот. Над секоја цел треба да го ставите тимот на прво место, на располагање сум на тренерот и на моите соиграчи. Ќе се обидам да помогнам колку што можам“, изјави Влаховиќ по потпишувањето на договорот.

Српскиот напаѓач беше платен 70 милиони, а Фиорентина преку бонуси ќе може да добие уште десет милиони. Србинот во „старата дама“ ќе има плата од седум милиони евра годишно.

На Инстаграм многу фудбалери му честитаа на Влаховиќ на чело со Србите Немања Радоњиќ, Сергеј Милинковиќ-Савиќ и Лука Јовиќ, но и на искусниот Французин Франк Рибери, како и многу други.

Сезонава Душан има 17 гола во првенството, додека најдобар стрелец на Јувентус досега беше Пауло Дибала со седум гола.

Слични содржини