ВМРО-ДПМНЕ одлучува со кој кандидат ќе ја трча претседателската трка

од desk2

Во Струга опозициската ВМРО-ДПМНЕ, избира меѓу девет кандидати за претседател на претстојните избори.

Почна гласањето, а делегатите треба да се одлучат меѓу двајцата големи фаворити Влатко Ѓорчев и професорката Гордана Силјановска, додека останатите седуммина кои се најдоа на листата се Илија Димовски, Никита Шекутовски, Филип Петровски, Горан Ангелов, Сашо Култешовски, Васко Костов и Ѓорѓи Манасков.

Опозицијата треба да одлучи кој за нив би бил идеален како кандидат за претседател, кој може да освои поголем број гласови, како во самата десница, така и меѓу неопределените гласачи, меѓу гласачите кои даваат доверба според заслуги, како и од гласовите на етничките заедници во Македонија, особено кој ќе биде поспособен и поприфатлив за електоратот на Албанците.

За победа на претседателски избори, особено ако има втор круг покрај исполнување на високиот цензус, потребна е и поддршка од албанското гласачко тело кое се покажа како решавачко во последните избори за претседател.

Ковенцијата се очекува да заврши вечерва, по што ќе се знае избраниот кандидат.

Слични содржини